| My Articles | Article Settings | Browse Articles |

Во САД владее вистинска епидемија на дебелина, што посебно ги погодува децата. Американските деца денес се три пати подебели од пред 30 години. Мрежата на училиштата „Јунифајд“ во Лос Анџелес настојува да се спротивстави на ова зло, но без голем успех
Американските деца денес се три пати подебели од пред 30 години, сочинувајќи дури 17 отсто од вкупната детска популација во земјата која ја измисли „познатата“ нездрава, брза храна, соопшти оваа недела Американскиот центар за контрола и превенција на болести.
- Ова е вистинска епидемија на дебелина... Лекарите сериозно предупредуваат на опасноста од растот на бројот на заболените од шеќерна болест и срцевите заболувања, но во општата трка за профит по секоја цена, на тоа малку му се придава значење, оцени таа институција.
Причини има многу, а главната причина е фактот дека вработените родители се почесто се хранат во ефтини ресторани во кои на нивните деца обилно им се сервира нездрава храна. Истовремено училиштата го намалуваат бројот на часовите по физичко воспитување, што исто така е причина за дебелење кај децата.
Но не е се толку црно како што изгледа, бидејќи постојат луѓе кои жестоко се борат против праксата на хранење на децата со нездрава храна - како што е мрежата на училиштата „Јунифајд“ во Лос Анџелес, кои станаа пионери во таа борба.
Меѓутоа, борбата воопшто не е лесна, бидејќи треба да се спротивстават на стекнатите лоши навики и големата пропаганда на џиновските ланци за брза храна.
Што значат лоши навики, за тоа конкретно говори податокот дека во училишната менза во училиштето „Магнет“ во Лос Анџелес, здравите пијалоци со намален процент на масти, испечената пченица од цело зрно, на некои деца им се допаѓа, но на некои не. Велат има вкус на затворска храна!
Училишната мрежа „Јунифајд“ исфрлија од менито се што порано се пржело со масло, а додале повеќе свежо овошје и зеленчук, ги исфрлија и слатките газирани сокови, како и машините во кои можат да се купат грицки и чоколади.
Меѓутоа, што вреди тоа кога рестораните и продавниците се лоцирани наспроти училиштата и ги мамат децата да дојдат да купат производи кои се избришани од менито во нивните училишта.
Дури и децата на кои им се допаѓа новата, здрава храна, повремено преминуваат преку патот да купат омилена нездрава храна.
Во Лос Анџелес 23 отсто ученици се дебели, а 19 отсто се на добар пат да им се придружат, вели официјалната статистика на американската држава Калифорнија.
Владата на Америка троши 11,7 милијарди долари годишно да им обезбеди ручек на 30 милиони деца, а за 10 милиони доручек. Меѓутоа, Владата не интервенирала уште од 1995 година, со цел нешто да промени во стандардите за производство на храната.

Од август минатата година 18 американски сојузни држави самостојно усвоија построги здравствени стандарди, но моментално не помагаат многу - затоа што се соочени со неможност во целост да ги спроведат на дело.
Претседателот на Америка Барак Обама сака за милијарда долари да го зголеми буџетот за исхрана на децата во желба да го спречи гладувањето на децата во текот на рецесијата. Тоа е многу важно ако се има предвид дека училиштата бележат големи загуби.
Секторот за исхрана во училиштата во Лос Анџелес опслужува 690.000 ученици, а за тоа има буџет „тежок“ 325 милиони долари. Со тие пари, покрај купување и подготвување на храната, треба да се покријат и трошоците за плата на вработените, осигурување и одржување.
Во училишните мензи во Лос Анџелес се трошат 0,70 долари по оброк, не сметајќи ја порцијата млеко, која чини 0,20 долари, така загубите се неминовни.
Некои ученици денес со задоволство ручекот го завршуваат со портокал или банана, наместо со десерт, но повеќето од нив за жал и понатаму одат преку патот по редовна доза на нездрава храна.
Значи, очигледно е дека во битката на овошјето и зеленчукот со хамбургерите, овие вторите и понатаму често се победници.

| Comments (1) [ view all comments ] |


