| My Articles | Article Settings | Browse Articles |

Задоволство
Kobian, „хуманоидниот“ робот кој може да изрази седум човечки емоции е претставен во јапонскиот универзитет „Waseda“.

Изненаденост
Роботот може да изрази седум различни емоции, како што се задоволство, изненаденост, тага и аверзија. Kobian, при изразувањето на емоциите ги користи и фацијалните експресии. Со помош на вградениот мотор, роботот ги движи рацете, усните, очните капаци, веѓите, со што се дополнува изразувањето на емоциите.

Тага
Така при изразување задоволство роботот ги крева рацете над глава и широко ги отвора очите и устата. При изразување тага, Kobian се поднаведнува и челото го потпира на раката, изразувајќи жал.

Аверзија
Kobian, кој исто така се движи наоколу, реагира со средината и извршува физички задачи е претставен во Токио.
Професорот Атцуо Таканаши вели дека експресивноста ќе му овозможи на роботот полесна интеракција со луѓето и извршување на дневните обврски,
| Comments (1) [ view all comments ] |


